Рано утрово, во 03:27 часот, во полицијата било пријавено дека избувнал пожар во стариот објект на основното училиште во село Ракотинци, скопско. На терен интервенирала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, која успеала да го изгасне пожарот. За време на интервенцијата е повреден еден пожарникар, кој бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.

