Летната сезона е веќе пред нас, а многу познати личности не ја пропуштаат можноста да го покажат парчето рај во кое уживаат. На ред е фаталната Ирина Шајк, која веќе некое време престојува на егзотичната дестинација. Таа секогаш наоѓа време да им се обрати на своите обожаватели преку интернет, а често споделува и прекрасни фотографии од патувањата на Инстаграм. Таа неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на гореспоменатата мрежа, а вниманието на јавноста, покрај зајдисонцето, го привлече и нејзиното тело во бикини. Ирина гордо позираше во различни дизајни на бикини, а на фотографиите го покажа и своето лице без ниту трага шминка. Нејзината природна убавина дојде до израз, а титулата „фатална Русинка“ сè уште ѝ одговара.

