Муртезани во Брисел на форум за проширувањето

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денес ќе учествува на форум на високо ниво за проширувањето со наслов „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“, кој ќе се одржи во Брисел, во организација на Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК). Муртезани ќе учествува на воведната сесија на форумот на ВИП-тркалезната маса заедно со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ, и државниот секретар за Европската Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро. Форумот има цел да ја истакне важноста на социјалниот дијалог и на ангажманот на граѓанските организации и младите во процесот на проширување на Европската Унија како основа за градење поправедно и посолидарно европско општество.

Scroll to Top