Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми , трагедијата се случила пред очите на родителите на детето. Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство и почнало да се дави. Сцените што следеле биле ужасни. Родителите, во паника, се обиделе да го спасат детето, а веднаш била повикана итна помош. Бебето прво било однесено во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а потоа во болницата во Полигирос, каде било прогласено за мртво.

