Уапсени две 17-годишни момчиња од Прилеп, биле фатени при кражба во црква

Денеска во 04.35 часот на улицата „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба. Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top