Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во Црвена ѕвезда претставува вистинска „бомба“ во српскиот фудбал, а сега се појавија и деталите од договорот. Арнаутовиќ ќе потпише двегодишен договор со српскиот шампион, а австриски „Скај“ ја открива и неговата плата во новиот клуб. 36-годишниот напаѓач ќе заработува 2,5 милиони евра нето по сезона. Се очекува тој да пристигне во Белград во понеделник и да го потпише договорот. Во својата кариера играше за Твенте, Вердер Бремен, Стоук, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња, Интер, а негова следна станица ќе биде Црвена Ѕвезда од Белград. Тој одигра 125 натпревари за австриската репрезентација и постигна 41 гол.

