Времето денеска сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 29 до 39 степени целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната 39 степени.

Scroll to Top