Министерството за внатрешни работи ифнормира дека денеска околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње. При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се: – 49 кутии со филтри за цигари, – 70 штеки со по 10 кутии цигари, – 19 машинки за полнење на цигари и – 98 килограми дробен тутун. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ, велат од МВР.

