Денеска времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, информира УХРМ. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. До сабота (26.07) ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во недела ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање. Извор: УХРМ

