Марго Роби знае како да ужива во шармот на летото, но и во интимните моменти со својот сопруг Том Акерли. Не толку одамна, најубавата жена на светот Марго Роби и нејзиниот сопруг Том Акерли отворија ново животно поглавје – станаа родители и од тој момент мудро ги избираат настаните на кои ќе присуствуваат. Тие ретко се појавуваат во јавноста, а странските медиумски фотографи само повремено ги забележуваат во ресторан, кафуле или само на прошетка низ градот. Сепак, двојката одлучи да направи пауза од родителството и се упати кон Италија. Папараците ги забележаа познатите љубовници во хотел во Неапол, во состојба на љубовен занес. Сцената веднаш беше снимена, а светот доби можност да ужива во фотографиите од омилениот холивудски пар по неколку месеци. Како што можете да видите, Марго и Том беа на хотелската тераса, а вниманието на фотографите го привлече нивниот интимен момент, комплетиран со бакнежи и прегратки. Фото: принтскрин

