Дете почина вчера попладне во болницата во Риека откако падна од воден тобоган, соопшти хрватската полиција. Според полициското соопштение, детето е германски државјанин кој починал откако паднал од воден тобоган, објави „ Јутарњи “. Полицијата, во соработка со сите други надлежни служби и институции, ги утврдува околностите и фактите поврзани со смртта на детето, соопшти Полициската управа приморско-горанска. Фото: принтскрин

