Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со нова порака до власта. „Пола од тие од ДУИ и СДСМ што збореа дека ја покрадоа и уништија државата, денес им се во Влада и не смеат да им писнат. За тие што велеа ја дуизираат Македонија, криминалците од ДУИ и оној што го нарекуваа предавникот Заев си шетаат по Дубаи. Единствен осуден од ДУИ излезе дека е Стевчо Јакимовски, објави на социјалните мрежи Арсовска. „Овие во Чаир 225 милиона евра испрале, во моментов темели на нови 50 згради без дозвола и без платени комуналии прават, за нив МВР и Обвинителство се на одмор, па ќе одат на боледување, па ќе чекаат да заборавите. Крадат вода, крадат струја, а вие побрзајте платете си ги сметките на време“, пишува Арсовска.

