ВМРО-ДПМНЕ: СДС треба да се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите

„СДС треба да се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите. Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДС. Времето кога прекршувањето на законите од страна на државните функционери беше правило и тие поминуваа неказнето, заврши со заминувањето на СДС во опозиција. Монтираните процеси, реваншизмот и прогонот кон неистомислениците се одлика што го одбележа седумгодишниот период на владеење на СДС. Редовното функционирање и инспекциите на институциите во општините и општинските претпријатија, не е и не може да се смета за притисок. Тоа е редовна пракса и обврска на инспекциските служби и таа се спроведува во сите општини, без исклучок. Институциите се независни, работат согласно закон и постапуваат во согласност со доказите и фактичката состојба. Наместо сега да плачи на прес-конференции, СДС и нејзините, и така малку функционери што ги има, да почнат да ги почитуваат законите и да работат во интерес на граѓаните“, пишува во реакцијата.

Scroll to Top