Времето денеска, претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени. И во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.

