Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска: · поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба; · поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.

