Српскиот актер Амар Мешиќ, кој глуми во хрватска серија, е на одмор во Сплит. Се снимаше како јаде домати, леб и паштета на плажа. „Никогаш не се преправајте дека сте нешто што не сте. Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите. Уживајте во малите нешта како што јас правам леб, домати и паштета. Тоа е животот“, напиша тој во описот на видеото што го објави на „Тик-ток“. Видеото предизвика многу реакции. „Не заборавајте дека хрватскиот туризам е изграден со туристи кои летувале низ целиот Јадран носејќи своја храна“, „Вака се јаде кога си среќен, кога си свој, кога уживаш во животот, а не во скапи ресторани за светот да го види“, „Нека луѓето јадат што сакаат“, „Јас претпочитам пита и јогурт“, „Ова ме враќа во моето детство“, „Тоа е за појадок, а за ручек може да имате печено пилешко кое можете да го исечете со прсти“, „Точно така, нема подобра комбинација“, се некои од коментарите. Фото: принтскрин

