Доналд Трамп му оддаде почит на својот долгогодишен пријател и политички сојузник Халк Хоган, кој почина на 71-годишна возраст. „Денес загубивме голем пријател, Халкстер“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social. „Халк Хоган беше олицетворение на движењето MAGA – силен, жилав, паметен, но имаше најголемо срце“, додаде тој. Трамп се потсети на поддршката на Хоган за време на неговата претседателска кампања во 2024 година, истакнувајќи го неговиот „апсолутно електричен говор“ на Републиканската национална конвенција, кој го нарече „најважниот момент на целата недела“. „Тој ги забавуваше обожавателите ширум светот, а неговото културно влијание беше огромно“, напиша Трамп. „На неговата сопруга, Скај, и на семејството, им испраќаме најдлабоко сочувство и љубов. Халк Хоган ќе ни недостига на сите нас.“ Пријателство меѓу Хоган и Трамп траеше повеќе од три децении. Фото: принтскрин

