Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата по 16-годишното девојче кое вчера потона во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско. Пријавата била поднесена од сестрата на девојчето која била присутна на местото на настанот, а малолетничката потонала во Вардар заедно со 26-годишна девојка која подоцна беше пронајдена жива. Како што соопшти ЦУК, акцијата денеска се одвива во координација и со зголемено присуство на терен.

Scroll to Top