Царинските тимови со засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро

Мобилни царински тимови спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, соопштија од Царинската управа. -Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за криминал, изјавил помошник директорот за контрола и истраги Влатко Лакордов. Со зголемената контрола на пловните објекти, се додава во соопштението, целиме кон спречување обиди за криумчарење и обезбедување ефикасна и реална наплата на увозни давачки.

Scroll to Top