Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода

Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“. Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари. Новата градинка се простира на површина од 525 м², располага со 6 занимални, 4 воспитни групи и јасли, и овозможува згрижување на 125 деца. Оваа инвестиција директно ја решава проблематиката со недостиг на места во градинките. Со отворањето на денешниот објект, изградбата на уште две градинки кои се во тек, претходно отворените две градинки и петте градинки кои беа доградени, во моментот во Кисела Вода, за прием чекаат само 20-тина дечиња, велат од Општина Кисела Вода.

Scroll to Top