Францускиот пливач Леон Маршан го сруши светскиот рекорд на 200 метри мешано на Светското првенство во Сингапур. Четирикратниот олимписки шампион постигна резултат од 1:52,69 минути во полуфиналната трка. Маршан го сруши светскиот рекорд поставен од Американецот Раџан Локти во Шангај во 2011 година за 1,31 секунда. Финалето на 200 метри мешано на Светското првенство е закажано за четврток. Фото: принтскрин

