Активни се три пожари на отворено во Македонија

Утрово се активни три пожари на отворено во Македонија, информира Центарот за управување со кризи. До 06:30 часот на територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се сѐ уште активни, еден пожар е под контрола, а 24 се изгаснати. АКТИВНИ: 3 1. Општина Василево, Радовиш и Берово • с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини • Нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација 2. Општина Прилеп • с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола) • Друг крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и трет крак кон граница со Р. Грција • Не се интервенира поради детонации (мешана шума) 3. Општина Кавадарци • помеѓу селата Галиште и Ќесендре • Мешана шума и нискостеблеста вегетација ПОД КОНТРОЛА: 1 1. Општина Карбинци • с. Јунузлија (шума)

Scroll to Top