Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. „Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром“, рече Николоски.

Scroll to Top