Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска се активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се активни, седум се под контрола, а 36 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. АКТИВНИ ПОЖАРИ: 8 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација). 2. Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (опш. Новаци) и крак кон граница со Р. Грција (мешана шума). 3. Прилеп и Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен (опш. Прилеп), и Галиште, Трстеник (опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација). 4. Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација). 5. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума). 6. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума). 7. Општина Кичево – с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума). 8. Општина Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума). ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА: 7 1. Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, со ширење кон с. Димонце и Коњух (опш. Кратово) (ниска вегетација). 2. Општина Петровец – с. Средно и Долно Коњаре (мешана шума). 3. Општина Петровец – Катланово (ниска вегетација). 4. Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева). 5. Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума). 6. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева). 7. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума). ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ: 36 1. Шуто Оризари – ул. Нов Живот (ѓубриште) 2. Арачиново – с. Орланци 3. Сарај – с. Глумово 4. Зелениково – с. Гумалево 5. Битола – с. Велушина 6. Битола – с. Меџитлија 7. Битола – ул. Игњат Атанасовски 8. Битола – с. Српци 9. Прилеп – м.в. Млекара Софија (2 интервенции) 10. Прилеп – с. Мало Коњари 11. Долнени – с. Сивје 12. Долнени – с. Долнени 13. Долнени – с. Секирци 14. Кривогаштани – с. Крушеани 15. Струмица – с. Баница и нас. Софилари 16. Струмица – с. Колешино (Колешнски водопади) 17. Василево – с. Сушево кон Добрашинци 18. Гевгелија – с. Моин – с. Ново Коњско 19. Охрид – с. Вапила 20. Струга – с. Ново Село и с. Делогожда 21. Кичево – кај РЕК Осломеј 22. Македонски Брод – с. Требовље 23. Велес – влив на река Бабуна 24. Свети Николе – с. Преод 25. Свети Николе – с. Долно Ѓуѓанци 26. Свети Николе – с. Стањевци 27. Пробиштип – с. Гајранци 28. Куманово – с. Тромеѓа 29. Куманово – ул. Октомвриска револуција 30. Липково – с. Отља 31. Брвеница – с. Радиовце 32. Боговиње – с. Камењане кон с. Јеловјане 33. Гостивар – с. Чајле 34. Гостивар – с. Чегране 35. Гостивар – нас. Циглана 36. Врапчиште – с. Градец

Scroll to Top