Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи. Како што кажаа од ЦУК, пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства. На терен активно дејствуваат: – 1 армиски хеликоптер – 1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ – 2 теренски возила пинцгауер – 1 хермелин – 30 припадници на Армијата – екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита – пожарникари од ТППЕ Тетово. Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка, велат од ЦУК. Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат. Од АМСМ соопштија дека регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино

Scroll to Top