До 13:30 часот, регистрирани се вкупно 4 пожари на отворен простор, и сите се активни, информираше портпаролката на Центарот за управување со кризи, Надица Вчкова. Во Општина Велес гори кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, со два крака: еден кон с. Иванковци и друг кон с. Крушје (мешана шума). Во текот на денот тука беа испратени две специјализирани возила со екипаж на Дирекцијата за заштита и спасување и 30 припадници на Армијата. Пожарот кај Општина Македонски Брод се протега помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, кадешто гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. На терен дејствуваат двата ертрактори. Во Општина Василево, кај селото Нивичино и во Дојран кај Николич, гори нискостеблеста шума. Надлежните апелираат на зголемена внимателност, да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат догорчиња, и да се почитува забраната за движење во шуми.

