Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил околу 19:00 часот, во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш.А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откако влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми . Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина. Фото: принтскрин

