Прегазен малолетник во Охрид

Синоќа во 21:05 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „даихатсу“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Scroll to Top