Полицијата го приведе Џ.М.(44) од Тетово во угостителски објект. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица Браќа Миладинови, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, Косово и Србија, кои работеле во угостителскиот објект. Странските државјанки биле приведени и здржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој. Во полициска станица бил задржан и Џ.М. и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

