ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Ч.)42) од Струга. Tој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено на 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.

