На територијата на државата има вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК за состојбата до 18:30 часот. Според последните информации од центарот, активни се три пожари на територија на државата, шест се под контрола а единаесет се изгаснати. Активни се три пожари: 1. Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово: с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп: с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница (Опш. Новаци) и трет крак према границата со Р. Грција. Не се интервенира поради детонации (мешана шума); 3. Општина Прилеп и Општина Кавадарци: помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), и Галиште и Трстеник (Опш. Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација); Под контрола се шест пожари: 1. Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и сува трева); 2. Општина Македонски Брод: с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); 3. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева); 4. Општина Карбинци: с. Јунузлија (шума); 5. Општина Македонски Брод: помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); 6. Општина Македонска Каменица: с. Ќосевица (борова шума); Изгаснати се 11 пожари: 1. Општина Струга: с. Велешта (запалено стрниште); 2. Општина Старо Нагоричане и Куманово: с. Облавце, с. Бељаковце, с. Довезенце, Орах и Руѓинце, се шири кон селата Димонце и Коњух (Опш. Кратово) – загрозува куќи и помошни објекти (ниска вегетација); 3. Општина Кичево: с. Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума); 4. Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); 5. Општина Петровец: с. Средно и с. Долно Коњаре (мешана шума); 6. Општина Петровец: Катланово (ниска вегетација); 7. Општина Крива Паланка: с. Нерав (висока борова шума); 8. Општина Новаци: с. Рапеш (запалени бали); 9. Општина Прилеп: с. Кантларци (ниска вегетација); 10. Општина Прилеп: ул. Јоска Јордановски (ниска вегетација); 11. Општина Охрид: с. Ботун (ниска вегетација). Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов попладнево појасни дека чешкиот „Блек Хок“ со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје и утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна. Овој моќен хеликоптер со ведро од 3,4 тона како што појасни Ангелов, е дел од меѓународната помош која е најавена за да помогне во справување со пожарите во земјава. Помошта ќе дојде од Чешка и Словенија .

