Уапсени три лица за криумчарење мигранти од Египет

Полицијата приведе три лица на автопатот Куманово – Табановце за криумчарење мигранти од Египет. Полициски службеници вчера ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш. Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник бил А.Ш., и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С., во кои биле превезувани мигранти. Возилата не застанале на даден знак за запирање и продолжиле движење, но набргу била запрени и во нив биле пронајдени осум лица мигранти од Египет. Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а по преземени било утврдено дека за А.С. има распишано три потерници и тој со другите две лица биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Scroll to Top