Центарот за управување со кризи информира дека во текот на денешниот ден, заклучно со 14 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои: 6 се активни, 3 се под контрола, а 3 се изгаснати. Активни пожари: Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума) Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација) Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација) Општина Велес – кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); поради силен ветер, пожарот повторно е активиран, со краци во неколку правци Општина Сарај – до Обиколницата (сува трева) Општина Желино – се шири кон Тетовско Еребино (сува вегетација и грмушки) Пожари под контрола: Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Општина Демир Хисар – Градска депонија (депонија) Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) Изгаснати пожари: Општина Охрид – с. Лескоец (запалена плевна) Општина Штип – с. Аргулица (деградирана ниска вегетација) Општина Липково – с. Виштица (деградирана шума)

