ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата. Од нив 4 се активни, 4 се под контрола, а 27 изгаснати. Како што известија од ЦУК, активни се пожарите во: Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума) Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација) Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и ниска вегетација) Липково – с. Виштица (деградирана шума) Под контрола се пожарите во: Велес – с. Џидимирци – с. Крушје – с. Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума) Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума) Демир Хисар – градска депонија (депонија) Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума, грмушки и ниска вегетација) Изгаснати пожари се евидентирани низ Ранковце, Куманово, Липково, Кратово, Тетово, Свети Николе, Битола, Штип, Делчево, Скопје (Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден), Росоман и други општини.

Scroll to Top