Венус Вилијамс стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА во историјата. Американската тенисерка доби посебна покана за турнирот во Вашингтон и на 45-годишна возраст ја победи Пејтон Стернс, 35-та тенисерка во светот. Вилијамс лесно ја победи својата сонародничка, резултатот беше 2:0 (6:3, 6:4). Американската тенисерка стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА. Рекордот сè уште го држи Мартина Навратилова, која на 47-годишна возраст забележа победа на Вимблдон во 2004 година. Фото/ Принтскрин

