Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го посети својот голем ривал Рафаел Надал во неговата академија на Мајорка. Федерер пристигна во Шпанија во друштво на неговата сопруга Мирка, а во таа прилика се сретна со Рафа, на чие збогување на Ролан Гарос присуствуваше пред два месеци. Двајцата разговараа на теренот, а таму беа и учесниците на оваа академија. Не е познато дали оваа посета беше „случајна“ или Швајцарецот и Шпанецот се блиску до некоја нова соработка. Медиумите потсетуваат дека Федерер ја заврши кариерата на Лејвер Купот 2022, додека Надал го одигра својот последен натпревар на Дејвис Купот минатата сезона.

