Лука Дончиќ наскоро во Лос Анџелес Лејкерс би можел да добие засилување од соништата, а воедно и добар пријател – Никола Јокиќ. Роб Пелинка, генералниот менаџер на Лејкерси, ја направи најдобрата размена на 21 век кога го испрати Ентони Дејвис во Далас и го донесе Дончиќ во „градот на ангелите“. Сега тој има исклучително амбициозен план да ги направи Лејкерси нова сила. Имено, како што пренесе Ентони Ирвин од порталот „ Clutch Points “ кој тврди дека е добро информиран за случувањата во Лејкерси, на Дончиќ би можел да му се придружи Јокиќ во Лос Анџелес или (барем) Јанис Адетокумбo следното лето. Идејата е Лука прво да потпише нов договор, веднаш по враќањето од Евробаскетот, а потоа да создаде простор за бомбастична аквизиција. Во буџетот, тој простор би се отворил со заминувањето на Леброн Џејмс, кој би можел да ја промени средината и можеби дури и да се врати во Кливленд, за што се шпекулираше ова лето. Можеби дури и да ја заврши кариерата… Јокиќ е под договор со Денвер до 2027 година, па би морал да трејдува, но ако не потпише нов договор, би можел да изврши притисок врз Денвер да ја промени средината. Малку е пореално ако се појави Јанис Адетокумбo, но нема сомнение дека Јокиќ е првата цел.
