Американски борбен авион „Ф-35“ се урна во близина на поморската воздухопловна станица Лемур во централна Калифорнија, објави денес американската морнарица. „Пилотот успешно се катапултираше и е безбеден“, се вели во соопштението на морнарицата во Лемур. Деталите за несреќата не се објавени. Причината за несреќата е под истрага, се вели во соопштението. Американската компанија Локид Мартин, која ги произведува борбените авиони Ф-35, како одговор на барањето на Ројтерс за коментар, изјави дека е запознаена со инцидентот со Ф-35 во поморската воздухопловна станица Лемур.

