(Видео) Се урна покрив на училишна зграда во Индија, загинаа најмалку четири деца

Најмалку четири деца загинаа, а 17 се повредени во западната индиска држава Раџастан откако денеска се урна покривот на училишна зграда, објавија локалните медиуми. Се стравува дека уште многу деца се заробени под урнатините, објави Ројтерс . Снимките од вестите го покажаа локалното население собрано на местото на настанот додека властите користеа кран за да ги отстранат остатоците од урнатата зграда. Според локалните медиуми, учениците посетувале настава во државно училиште во Џалавар кога се урнала зградата. „До надлежните органи се издадени упатства за да се обезбеди соодветен третман на повредените деца“, изјави главниот министер на Раџастан, Баџанлал Шарма, во објава на социјалните мрежи. Некои од повредените деца се во критична состојба, изјави за агенцијата ПТИ, локалниот полицаец Амит Кумар, објави „Економик тајмс“. Фото: принтскрин

Scroll to Top