Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на 22 јули 2025 година, борбениот авион Мираж-2000 доживеа технички дефект за време на мисија за обука“, се вели во соопштението на социјалната мрежа Телеграм. Пилотот веднаш ја известил контролата на летање и ги следел процедурите за итни случаи, успешно катапултирајќи се од авионот. Екипите за пребарување и спасување го лоцирале пилотот во стабилна состојба, а нема пријавени жртви или штети на земја, според воздухопловните сили. Формирана е посебна комисија за да ја испита причината за несреќата. Фото: принтскрин

