Наташа Беквалац од година во година е се позгодна: воодушеви со фотографии од плажа

Српската пејачка Наташа Беквалац отиде на одмор со своите ќерки Хана и Катја, а судејќи според нејзините објави на Инстаграм, триото одлично се забавува. Наташа често е тема на социјалните мрежи, како поради нејзиниот изглед, така и поради нејзините песни, но и поради нејзините изјави, кои секогаш се полни со хумор. Патем, таа секогаш се шегува на своја сметка, па затоа многу од нејзините изјави веднаш стануваат вирални. Пејачката сега е тема поради нејзиниот совршен изглед што го покажа во една од своите објави. Таа позираше во бикини со леопардски принт што ги истакна сите нејзини облини, додека единствените додатоци ѝ беа очила за сонце. Меѓу низата фотографии што ги објави се и оние со нејзините ќерки, а луѓето често коментираат колку Наташа е посветена на своите деца и ужива во секој момент поминат со нив. Меѓу многуте коментари, имаше и еден од нејзината постара ќерка Хана. „Зрачиш со својата енергија“, ѝ напиша таа.

Scroll to Top