Актерката Зои Кравиц и актерот Остин Батлер беа фотографирани заедно во Њујорк, каде, според медиумските извештаи, уживале во заеднички викенд. Како што посочија неколку извори, актерите присуствувале на претставата „Viola’s Room“, а потоа „побегнале“ од очите на јавноста. Двојката предизвика гласини за потенцијална романса на почетокот на април оваа година. Дури и некои извори блиски до актерите коментирале за нивната врска. „Тие се сложуваат добро, а хемијата меѓу нив е подеднакво добра и зад камерата и пред неа“, вели изворот. Врската на Остин и Зои доаѓа како мало освежување, бидејќи актерите претходно беа во долги врски. Додека Батлер беше лудо заљубен во манекенката Каја Гербер, ќерка на поранешната топ-моделка Синди Крафорд, Зои беше верена со холивудскиот згоден актер Ченинг Тејтум. Двајцата ја раскинаа свршувачката минатата година. Фото: принтскрин

