Семејството на Ози Озборн згрозено од подлите теории на онлајн-троловите за трагичната смрт на рок-иконата

Семејството на Ози Озборн ги критикува теориите што се појавуваат на интернет за трагичната смрт на рок-легендата откога фронтменот на „Блек сабат“ на 76 години почина опкружен со љубов во својот дом вреден повеќе милиони фунти во Велдерс, Бакингемшир, минатата недела. Шерон, неговата сопруга, со која беше во брак 43 години и мајка на нивните деца Ејми, Џек и Кели, беше покрај него кога почина. Екипите на воздушната брза помош се упатија кон семејната куќа за да го спасат пејачот, кој страдаше од Паркинсонова болест во неговите последни моменти. Во соопштението потпишано од неговото семејство се вели: „Тој беше со своето семејство и опкружен со љубов. Ве молиме сите да ја почитувате приватноста на нашето семејство во овој момент“. Но, онлајн-троловите сега шират одвратни шпекулации дека иконата на Брами одлучила да си го одземе животот“, објави британски „Сан“. За ова се дискутира дури и на американските радиостаници, вклучувајќи го и „Сириус икс ем“, каде што рок-иконата имаше свој канал. Шерон, Кели и Џек се згрозени од лажните наративи, кои тврдат дека тие биле вклучени во неговата одлука да си го одземе животот. Семеен пријател синоќа изјави: „Семејството сè уште тагува и справувањето со оваа глупост е гнасно. Длабоко ги згрози Шерон и децата. Ози почина дома, а болничарите се обидоа да го спасат – факт. Едноставно, одвратно е бидејќи овие идиоти од социјалните медиуми не се веродостојни, но некако нивниот наратив се шири секој ден. Иако немаат никакво знаење, другите онлајн-корисници ги третираат овие лажни вести како факт. Човекот апсолутно сакаше да биде со своето семејство, а особено со своите внуци“.

Scroll to Top