Швајнштајгер има нова девојка, а странските фотографи го фатија во љубовен занес

И додека неговата поранешна љубов Ана Ивановиќ ужива во шармот на Лондон, Бастијан Швајнштајгер разменува нежности со својата нова партнерка во Грција. Тоа е Силва Капитанов, со која е поврзан долго време. Без двоумење и сочувство кон луѓето околу него, поранешниот германски фудбалер ја прегрна и ја бакна својата сакана, а фотографиите стигнаа до интернет со брзина на светлината. Светските медиуми објавуваат дека Ана и Силва се познаваат, а неодамна се сретнале и лице в лице. Двете, според медиумите, се појавиле пред престижно меѓународно училиште на Мајорка. Во ова училиште одат децата на бројни познати личности, меѓу кои и на Ана и Бастијан, но и, наводно, на Силва. Силва е мајка на две деца и е позната и како поранешна инфлуенсерка која промовираше фитнес програма за жени по породувањето. Фото: принтскрин

Scroll to Top